
Новиот унгарски парламент го избра денеска за премиер Виктор Орбан, лидер на партијата „Фидес“, која победи на неодамнешните избори, јавува унгарската агенција МТИ.
Претседателот на Унгарија, Јанош Адер им препорача во вторникот на делегатите на конститутивната седница на парламентот повторно да го изберат за премиер Виктор Орбан, кој во третиот последователен мандат, како што беше најавено, ќе се обиде да спроведе уставни измени.
Побарав од премиерот Виктор Орбан да формира нова влада, и тој прифати, рече Адер.
Унгарскиот парламент во вторникот одржа конститутивна седница, откако на изборите во април „Фидес“ на Орбан освои 133 од вкупно 199 места во парламентот. За време на седницата пред парламентот се собрале околу 1.000 лица кои протестираа против владата на Орбан, нарекувајчи ја авторитарна. Демонстрантите со знаменца на ЕУ и Унгарија извикувале “Демократија, демократија!” и поставиле транспарент “Уставот е нелегален”.
Според Ројтерс, Орбан, кого агенцијата го карактеризира како десно-ориентиран националист, ја зголемил контролата врз медиумите и свои сојузници поставил на челото на преходно независни институции, истовремено одбивајќи Унгарија да прими голем број на мигранти поради што е е во конфликт со Европската комисија.