![ukraina-begalci](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/ukraina-begalci-1.jpg?resize=696%2C366&ssl=1)
Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Филипо Гранди објави дека досега десет милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина, како резултат на руската воена операција, што е повеќе од една четвртина од нејзиното население.
„Меѓу одговорностите на оние кои се во војна, насекаде низ светот, е и страдањето на цивилите кои се принудени да ги напуштат своите домови. Војната во Украина е толку разорна што 10 милиони луѓе побегнаа, се раселени во земјата или побегнаа во странство“, напиша Гранди на Twitter, објави BBC.
Руската воена операција во Украина почна на 24-ти февруари и оттогаш милиони луѓе побегнаа во соседните земји. Само Полска прими повеќе од два милиона украински бегалци.