УНХЦР: Од Триполи раселени 105.000 луѓе

УНХЦР соопшти денеска дека повеќе од 105.000 лица се раселени поради конфликтот околу либискиот главен град Триполи.

Во април самопрогласената либиска национална армија под команда на Халифа Хитер започна офанзива врз Триполи.

УНХЦР на Твитеa објави дека помошта може да се достави само до околу 2.200 од 21.000 раселени семејства и дека на раселените лица се уште им е потребна „поддршка, мир и стабилност“.

Либија е зафатена со политичката нестабилност од соборувањето и убиството на поранешниот лидер Моамер Гадафи во 2011 година.

Хафтар, кој ја контролира источна Либија, има поддршка од клучните арапски држави, но напредокот на неговите сили во Триполи е во застој.