УНХЦР: Повеќе од 3,8 милиони бегалци од Украина пристигнаа во соседните земји

Повеќе од 3,8 милиони бегалци од Украина пристигнаа во соседните земји, соопшти денеска канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Според податоците објавени на страницата на организацијата, од 24 февруари, заклучно до вчера, Украина ја напуштиле дури 3.821.049 лица, пренесе Тасс.

Вкупно 2.267.103 бегалци се заминати во Полска, 586.942 во Романија, 381.395 во Молдавија и 349.107 во Унгарија.