Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ има активно учество во Неделата на женски права, организирано од NDI во Македонија

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ зема активно учество, во Неделата на женски права, организирано од NDI во Македонија.

Се организираа бројни настани, во кој беа опфатени многу теми: Говор на омраза, eкономско јакнење на жената, средби со Американската амбасадорка г-ѓа Кејт Брнс, насилство на жените во политиката, средби на клубот на пратенички со НВО во Република Македонија, панел дискусии со новинари и многу други активности.

Заклучокот на крајот е дека, не само оваа недела, која беше посветена на правата на жените, борбата е секојдневна и истата продолжува.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на своите Програмски активности, посветува исклучително внимание на правата на жените и нивната благосостојба.