
Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска денеска беше во посета на Делчево. Таа на терен се сретна со граѓаните и беше запознаена со проблемите во нивниот град откако тој беше зафатен од силното невреме проследено со дожд пред неколку дена.
-Изминативе два дена сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ организираа хуманитарни акции за да се собере помош во форма на средства за хигиена, дезинфекција и конзервирана храна за поплавените подрачја во Делчево. Сакам да искажам една огромна благодарност не само до Унијата на жени, до општинските претседатели на ВМРО-ДПМНЕ и до градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои од сметките на општините одвоија значителни средства за да се помогне на општината Делчево, вели Пешевска. Таа додава дека од граѓаните дознала дека локалната самоуправа не функционирала совршено.