Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ создава трајни вредности и испишува историја „Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ навистина е на прав

Денес, на емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, се обрати Жаклина Пешевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која беше избрана за потпретседател на Меѓународната демократска унија со седиште во Вашингтон и член на извршниот комитет. Таа ги изнесе своите ставови за ова важно признание.

„Ова е признание не само неколкумесечна работа туку долгогодишна работа. Пред сe како претседателка на Унија на жени на централно ниво на ВМРО-ДПМНЕ веќе 5-та година, многу значи затоа што ова е еден начин, всушност промоција и на партијата и на жените во Македонија, но промоција и на Република Македонија“, рече Пешевска.

Пешевска нагласи дека е огромна чест, но и одговорност, да се биде дел од Меѓународната демократска унија, која обединува над 60 земји и повеќе од 84 политички партии. Таа додаде дека ова е важен форум што се одржува секој декември во Вашингтон, каде што се разгледуваат глобални актуелни теми.

„Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ навистина е на правиот пат затоа што многу пати умеам да кажам без притоа да бидам сфатена дека премногу се фалиме, дека навистина испишуваме историја“, изјави Пешевска.

„Јас говорам преку бројки, Унијата на жени и за време на опозиција, интензивно работиме, имаме за 2023 годишен извештај кој што содржи околу 2000 активности на годишно ниво низ цела Македонија, активности кои што допираат, 2/3 од нив се хуманитарни акции“, заклучи Пешевска.