Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) алармираше поради зголемениот број смртни случаи на деца во Појасот Газа, како и да престане убивањето на децата.
„Наводно повеќе од 3 450 деца се убиени, а бројките неверојатно се зголемуваат секој ден. Газа стана гробишта за илјадници деца. Тоа е жив пекол за сите “, рече портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, на брифингот за медиумите на ОН во Женева.
Елдер го повтори повикот на УНИЦЕФ за итен прекин на огнот и хуманитарен пристап до резервите за енклавата, велејќи дека децата во Газа умираат не само поради воздушните напади, туку и поради недостатокот на потребната медицинска нега.
Посочи и за зголемената закана од смртност на деца предизвикана од дехидрација поради недостаток на безбедна вода за пиење во Газа.
„Повеќе од еден милион деца во Газа исто така имаат криза со вода. Капацитетот за производство на вода во Газа е само пет отсто од нејзиното вообичаено дневно производство. Смртта на децата, особено доенчињата поради дехидрација е се поголема закана“, посочи Елдер.
Според него, потребен е итен хуманитарен прекин на нападите.
„Сите пристапни премини во Газа мора да бидат отворени за безбеден, одржлив и непречен пристап до хуманитарна помош, вклучувајќи вода, храна, медицински материјали и гориво. Ако нема прекин на огнот, нема вода, нема лекови и нема ослободување на киднапираните деца? Потоа се стремиме кон уште поголеми ужаси што ги мачат невините деца“, заклучи тој.