УНИЦЕФ: Илјадници деца можеби загинаа во земјотресите во Турција и Сирија

Агенцијата за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во вторникот соопшти дека илјадници деца можеби загинале во земјотресите што уништија многу згради во Турција и Сирија.

„Во земјотресите што вчера рано наутро ја погодија јужна Турција и северна Сирија можеби загинаа илјадници деца“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ. Џејмс Елдер за новинарите на брифингот во Женева.

Додаде дека организацијата не може да го утврди точниот број на загинатите деца.

Трката со времето и студот продолжува во вторник, еден ден по катастрофалните земјотреси што ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија, каде што бројот на жртвите продолжува да расте, надминувајќи 5.000, јавуваат светските агенции.

Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави во вторникот дека бројот на загинати во земјотресите со епицентар во југоисточна Турција се искачи на 3.419 лица.

Бројот на загинати во Сирија, веќе опустошена од повеќе од 11 години војна, е 1.602 и 3.548 повредени, според сириската влада и спасувачките служби во северозападниот дел на бунтовниците.

Шефот на Светската здравствена организација во вторникот рече дека СЗО е особено загрижена за областите во Турција и Сирија за кои нема информации по големиот земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе.

„Посебно сме загрижени за областите за кои сè уште немаме информации“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус на состанокот на извршниот одбор на СЗО во Женева.