Во текот на воведувањето на мерките карантин поради пандемијата на коронавирусот, училиштата за речиси 168 милиони деца на училишна возраст ширум светот се затворени речиси една година, објави организацијата УНИЦЕФ во вторникот предупредувајќи на разорните последици за иднината на овие деца.
Училиштата во 14 држави ширум светот, меѓу кои е и Македонија, се затворени од март 2020 до февруари 2021 година, според извештајот на УНИЦЕФ за затворањето на училиштата. Од нив две третини се во Латинска Америка и Карибите, каде со овие мерки се погодени 98 милиони деца од училишна возраст.
„Со наближувањето на една година од почетокот на пандемијата на Covid-19, повторно потсетуваме на кататровата во образованието во вонредните окололност на карантинот ширум светот“, истакнува во соопштението извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.
„Со секој изминат ден, децата кои не можат лично да присуствуваат на наставата, сѐ повеќе заостануваат а најмаргинализираните ја плаќаат најтешката цена“, истакнува Форе.
Од УНИЦЕФ предупредуваат дека сегашното затворање на училиштата има „разорни последици“, а на најранливите деца наместо настава и обрзование им се заканува дека ќе бидат присилувани на детски бракови или на детски труд.
Се додава и дека повеќе од 800 милиони деца ширум светот се соочеуваат со нарушување во обрзованието поради целосното или делумното затворање на училиштата.
Како начин да се првлече вниманието на јавноста на „катастрофата во образованието“, УНИЦЕФ во вторникот ја претстави макетата на „пандемиската учичница“ во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.
Таа е направена од 168 празни училишни клупи, секоја клупа претставува милион деца кои живеат во земјите каде што училиштата се речиси целосно затворени, валат од УНИЦЕФ.