Новиот род на американскаа армија – вселенските сили (Space Command) ги претстави своите маскирни воени униформи кои предизвикаа потсмев на социјалите мрежи.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој кон крајот на минатата 2019 година го најави формирањето на вселенските војски како посебен род во армијата на САД, на својот профил на Twitter објави фотографија од униформата на вселенските сили. Станува збор за маскирни воени униформи кои го имаат вообичаениот зелен маскирен шумски дезен, со ознаки извезени на рамениците и градите.
Униформите многу брзо меѓу корисниците на социјалните мрежи предизвикаа потсмев и шеги. Најчести се прашањата „Дали ова е камуфлажа за во Вселената?“, „Дали тие некогаш претходно виделе како изгледа Вселената?“ или „Колку стебла очекувате дека ќе најдете во космосот?“.
Но набрзо дојде одговор од претставниците на вселенските сили. На Twitter објавија дека ги користат веќе постојни воени униформи за да штедат пари кои се неопходни за дизајнирање и шиење на новите. „Припадниците на вселенските сили ќе изгледаат исто како и нивните колеги со коишто ќе соработуваат на земјата“, се наведува во објавата.
Меѓутоа, и покрај објаснувањето и натаму продолжуваат потсмевите.
Барем засега, Space Command своите припадници нема да ги испраќа во Вселената. Тие ќе бидат задолжени за надзор и заштита на повеќето стотици американски сателити за комуникација и следење.
Вселенските сили беа основани во декември. Американскиот претседател појасни дека овие единици ќе ѝ помогнат на американсата армија во „спречување на агресијата на најновото бојно поле“, доктрина којашто ја прифати НАТО прогласувајќи го космосот за нова област на војување или ткн „оперативна зона“, по копнената, морската, воздушната и од неодамна и кибернетичкиот простор.
Администрацијта во Вашингтон за финансирањето на вселенските трупи во првата година издвои 40 милиони долари, а ќе ги сочинуваат 16.000 припадници на воздухоплвоните сили и цивилен персонал.