Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Гази Баба ја продолжува континуираната организација на активности за добровид на жителите од руралните населени места.
Традиционално по 6 пат организираше бесплатни здравствени прегледи, овој шести пат бесплатните прегледи се организираа во населеното место Црешево а во претходите активности беа опфатени населените места Маџари, Стајковци, Хиподром, Ченто и Автокоманда.
Жителите на населеното место Црешево денес имаа можност да направат бесплатна контрола на крвниот притисок и шеќерот во крвта а истовремено да добијат совети од здравствените работници за топлотниот бран кој ја зафати Македонија.
Од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ информираат дека и во наредниот период ќе продолжат со организација на активности за добровид на граѓаните на Република Македонија.