
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ традиционално и оваа годин во сите Општински комитети на територија на Република Македонија во пресрет на новогодишните и божиќните празници организираше низа на хуманитарни актиности.
-Унијата на жени и оваа година изврши голем број на хуманитарни посети на семества во социјален ризик, многудетни семејства како и домови за стари лица. За време на посетите беа донирани намирници на храна, новогодишни како и божиќни пакетчиња, информираат од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, додаваат, како општествено одговорна организација и во иднина ќе продолжи да организира, спроведува и поддржува хуманитарни активности со цел да се помогне секаде каде што е потребна помош