Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ направи хуманитарна посета на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака.
-Ми преставува особено задоволство што денес заедно со раководствата од општинските комитети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром и Гази Баба сме во посета на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака. Особено ме радува позитивната енергија и насмеаните лица на штитениците кои денес беа присутни при нашата посета во центарот како и грижата која лицата кои се ангажирани во центарот им ја даваат на штитениците со цел полесно да се оспособат за самостоен живот, изјави Даниела Рангелова претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Унијата на жени, согласно потребите на дневниот центар донираше различни материјали за работа со штитениците од истиот.