Во последниот натпревар од шестото коло на германскот фудбалско првенство одигран во понеделникот вечерта, Унион Берлин како гостин со 3:1 го совлада Хофенхај.
Се чини клучниот момент на мечот се одигра во 58 минута кога домашниот одбранбен играч Роберт Сков направи пенал и притоа заработи црвен картон.
Макс Крузе беше сигурен од белата точка и гостите поведоа во 60 минута, Хофенхајм и со играч помалку успеа да израмни во 80 минута преку Мунас Дабур. Меѓутоа Унион Берлин до крајот на мечот постигна уште два погодока за втората победа сезонава, а стрелци беа Жоел Пгџанпало во 85 и Седик Тухерт во четвртоата минута од судиското продолжение.
Унион Берлин со оваа победа скокна на осмото место со девет бодови, додека Хофенхајм е дванаесетти со седум бодови.
Во водство на табелата се Барн Минхен и Борусија Дормунд со по 15 бодови.