Кошаркарите на МЗТ Скопје претреа пораз во рамките на 14. Коло од АБА лига. Избраниците на тренерот Зоран Мартич се поразени на гостувањето кај Унион Олимпија со 73:62 и со пораз ја завршија годината, односно првиот дел од ова регионално натпреварување
Словенечкиот тим чии тренер е поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Алеш Пипан со оваа победа му се реваншираше на македонскиот шАмпион за поразот на првиот меч во Скопје, а дуелот беше решен во третата четвртина која МЗТ ја загуби со 19 поени разлика (27:8). Мора да се напомене дека македонскиот тим овој меч го одигра без својот најдобар играч Тодор Гечевски.
Во победничкиот тим најефикасен беше Салин со 20 поени., додека кај МЗТ Скопје, Кејд Дејвис одигра одличен меч постигнувајќи 20 поени, додека Дамјан Стојановски беше стрелец на 13 поени.