Неодговорни поединци за навек уништија уште една мала, но за охриѓани огромна препознатливост на брегот на Охридското Езеро.Имено, повеќе го нема малото дрво, кое беше доказ дека животот победува и во најсуровите услови.
Тоа успеа да го пронајде својот пат и да опстои толку години раснејќи на карпа во месноста Елешец, а некој го уништи засекогаш.
Ова уникатно дрво претходно беше „мета“ на многу познати фотографи, кои го овековечија засекогаш, а беше дел и од многу видео спотови снимени во земјава и странство.
Често се појавуваше и на монографиите во кои се претставуваа најголемите убавини на Охрид.
За жал, ова е само уште еден доказ колку „се грижиме“ и колку за некого малку значи оваа од Господ дадена убавина.
Извор: Супер радио
фото: Љупчо Лепи