Уништени над 60.000 килограми небезбедна храна

Од почетокот на годинава до крајот на јуни уништени се вкупно 60.809 килограми небезбедна храна од животинско потекло, и тоа месо, производи од месо и од млеко, риби мед и јајца, а од ивие количества, инспекциските служби во рамките на планираните официјални контроли и вонредните инспекциски надзори уништиле 17.141 килограми небезбедна храна, објави во петокот Агенцијата за храна и ветеренарство (АХВ).

Поголем дел, или 43.668 килограми небезбедна храна, уништиле самите оператори врз основа на воспоставените внатрешни контролни системи за безбедност на храната – (HACCP). Околу 59.298 килограми од уништената небезбедна храна од вкупно уништените количини се од домашно производство, а остатокот е од увоз.

Врз основа на законските надлежности и воспоставениот интегриран систем на контрола, Агенцијата за храна и ветеринарство врши постојан надзор над операторите со храна во поглед на исполнување на општите и посебните услови за безбедност на храната и за заштита на правата на потрошувачите.

Како одговорна институција за безбедноста на храната од АХВ ги охрабруваат граѓаните, недоследностите во поглед на безбедноста на храната да ги пријават во Агенцијата на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, лично, или електронски на [email protected].