
Харвардскиот универзитет, кој и досега беше најбогатиот на светот, соопшти во четвртокот дека во фискалната година која заврши во јуни остварил добивка од 34 отсто и го зголемил своето богатство на 53,2 милијарди американски долари.
Универзитетот зголемувањето на добивката, коешто неговите финкционери го нарекоа „извонредно“, го остварало со вложувањето во приватниот и во јавниот сектор.
Во текот на претходната фискална година, која заврши во јуни 2020 година и само неколку месеци по избувнувањето на пандемиската криза, Универзитетот Харвард соопшти дека остварил добивка од 7,3 отсто.
Главниот менаџер за инвестиции и извршниот директор на компанијата „Harvard Management Company“ (HMC), Н.П. Нарвекар, изјави дека годинешната добивка и била многу поголема доколку универзитетот инвестирал во поразлични дејности. Но, истакна дека ваквиот резултат не е возможно да се оствари секоја година.
Нарвекар во годишниот финансиски извештај на универзитетот навел дека Харвард последните години ризикувал многупомалку од другите универзитети.
„Со други зборови, имајќи ги предвид движењата на пазарот во текот на минатата година, значително поголемото ниво на ризикот драматично би ја зголемило заработката на HMC“, рече Нарвекар.
Така, на пример, славниот MIT (The Massachusetts Institute of Technology) во оваа фискална година оствари добивка од 56 отсто, зголемувајќи го своето богатство на 27,4 милијарди долари, а Brown University од 52 отсто и на 6,9 милијарди долари.