Универзитетските професори прашуваат за кого дошол животот и зошто распинички се трошат парите за референдумот

Професорката Гордана Силјановска во гостувањето на телевизија Алфа во емисијата Отвореното студио, во вторникот ја коментираше малата посетеност од страна на граѓаните на пропагандните настани организирани од владата во врска со престојниот референдум за промена на името, а нејзиниот универзитетски колега Љубомир Цицулоски укажа дека владата не штеди кога се работи за парите на граѓаните, како и оти нема оправдување за вакво расипничко однесување.

Силјановска како главна причина го наведува ветениот „живот“ на СДСМ, односно партискиот слоган кој изминативе година и повеќе не стана реалност во Македонија.

„Сигурно дека после месеци си велат тие чекајте, да видиме што стана со животов? Дали се подобри животот? Е сега тие со беџовите велат, ги убедуваат да гласаат за Европска Македонија“, рече Силјановска.

Силјановска заклучи дека животот во Македонија дојде само за еден привилегиран слој на луѓе, а граѓаните секојдневно се сведоци на тоа. „Животот дојде само за еден привилегиран слој, луѓето тоа го гледаат“, истакна таа.

Професорот на Филозофскиот Факултет во Скопје, Љубомир Цуцуловски, пак, во своето вчерашно гостување во емисијата отворено студио на телевизија Алфа истакна дека кога станува збор за престојниот референдум за промена на името владата се однесува расипнички со парите на граѓаните.

Тој забележа дека владата не штеди кога се работи за парите на граѓаните и нема никакво оправдување за ваквото нејзино расипничко однесување. Според него сумата од 1.3 милиони евра која владата од џебот на граѓаните ја алоцира за пропаганда за референдумот е премногу.

„Владата не штеди кога се работи за парите на граѓаните. Според тоа дури и да има законска основа нема оправдување за вакво расипничко и накално, наметливо однесување. Кога вела расипливо, со оглед на сумата, јас колку што знам станува збор, официјално за 1 милион и 300 илјади евра“, рече Цуцуловски.