![junker Јункер: На Грција не и се потребни нови итни мерки](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/junker.jpg?resize=670%2C446&ssl=1)
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска изјави дека ризикот Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор за излез се уште е „многу реален“.
Говорејќи пред Европскиот парламент, Јункер рече дека таквиот Брегзит „можеби е избор на Велика Британија, но никогаш нема да биде избор на ЕУ“.
Европскиот парламент денеска расправа за Брегзит и ќе усвои резолуција во која ќе ја изрази својата загриженост.
Главниот камен на сопнување во договорот за Брегзит е решението за ирската граница, таканаречениот „бекстоп“, според кој Велика Британија ќе мора да задржи некои трговски правила на ЕУ.
Јункер рече дека тој „не е сентиментално поврзан за бекстоп“, но оти е „врзан за целта на таа одредба“.
– Побарав од британскиот премиер да посочи алтернативни аранжмани кои ќе ги смисли – рече Јункер кој во понеделникот разговараше со премиерот Борис Џонсон.