УНРВА: На Газа и се заканува катастрофа

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) нагласува дека ќе следи катастрофа доколку енклавата остане без гориво. Оттаму велат дека горивото е клучно за сите нивни операции во блокираната енклава.

„Мора да се испорача гориво за да се обезбеди луѓето да имаат чиста вода за пиење, болниците да останат отворени и да продолжат операциите за спасување животи“, соопшти УНРВА на платформата Х.

Исто така, тие изразуваат загриженост и за влијанието што недостигот на гориво може да го има врз здравствената заштита во енклавата.

Други агенции на ОН проценија дека една третина од болниците во Газа и речиси две третини од клиниките за примарната здравствена заштита се затворени поради оштетување или недостаток на гориво.

Лекарите детално ги опишуваат проблемите со кои се судруваат во нивната работа без клучната опрема. Еден од нив, за Би-Би-Си, појасни дека веќе исцрпениот персонал е принуден рачно да ги вентилира пациентите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.