УНРВА соопшти дека конвој од Газа бил под оган на израелската армија

Израелски војници отвориле оган врз хуманитарен конвој додека се враќал од северна Газа по рутата одредена од израелската армија, соопшти агенцијата на ОН за палестински бегалци – УНРВА.

„Израелските војници пукаа во хуманитарен конвој додека се враќаше од северна Газа по рутата одредена од израелската армија“, наведе Томас Вајт, директор на агенцијата во Појасот Газа во соопштението.

„Нашиот меѓународен водач на конвојот и неговиот тим не се повредени, но едно возило е оштетено“.