Упасен ограбувач на четири обложувалници во Скопје

Во вторникот ранот утрото околу 6 часто во скопско Ново Село, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода тамошниот 26-годишне жител Н.С.

Тој се сомничи дека во периодот од 24-ти февруари до 21-ви мај годинава со закана од вработени во четири обложувалници на улиците „Митрополит Tеодосиј Гологанов“, .„Орце Николов“ и „Никола Тримпаре“, сите во Скопје, од каде одзел пари.

При претрес во неговиот дом во Ново Село, извршен утрово со судска наредба, билe пронајдени предмети поврзани со кривичните дела. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.