Упасени се најмалку 17 припадници на затворската полиција

Утрово во полициската акција на Бирото за јавна безбедност при МВР се апсат припадници на затворската полиција.

Уапсени се најмалку 17 припадници на затворската полиција.

Акцијата ја води Обвинителството за организиран криминал и корупција, во координација со МВР, од каде повеќе детали најавуваат за подоцна.

Инаку, пред неколку денови специјалци од МВР извршија претрес во КПУ Издризово каде пронајдоа голем број на недозволени предмети, а беа откриени и два тунели.