Упасено момче во Кочани, кај него е пронајдена дрога

Полициски службеници од ОВР Кочани вчера го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Кочани, бидејќи при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Како што информираат од МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.