Упатството за правилно расправање во врска

Кога следниот пат ќе почнете да се расправате со вашиот партнер, држете се до следниве неколку совети.

Прво кажете дека не е вистинско време за разговор. Запаметете – никогаш не е вистинско време за „разговор“. Пред  да слушнете и еден збор, кажете дека тој или таа, погрешно сфатила и дека е „пречувствителен/а“.

Бидете разновидни во објаснувањето зошто дошло до расправијата: понеделник и среда тој и таа „претерува“. Вторник и четврток – „од комарец прави магаре“. Викенд – „замислува“.

Променете ја темата.  На девојката или сопругата, можете да и’ кажете, на пример – „Ти имаш ПМС?“. Ако тоа не успее прифатете ја кавгата. Бидете воинствени, но постојано истакнувајте дека другата страна почнала.

Ако партнерот е во права во шест точки, а вие само во една и тоа половина, нагласувајте ја само таа една точка во која сте си сигурност во право. Ако, меѓутоа, партнерот очигледно е во право, „ископајте“ некој нејзина или негова манаа која нема врска со расправијата и употребете ја.

Задолжително направете сопствен замислен свет од експерти (составен од луѓе кои вашиот партнер не ги познава). Кажете: „Дури и Дарко и Марко се сложуваат со мене и мислат дека си крајно неразумна личност“.

Именувајте се себе се домашен терапевт. Кажете „Зошто си го правите тоа себе?“

„Расправијата е исто како и бокс. Напаѓајте со лева, удирајте со десна, а потоа повлечете се“, советува Шери Аргов во книгата „Зошто мажите сакаат кучки“.

Мухамед Али велел: „Надлетува како пеперутка, бодам како пчела“. Затоа, надлетувајте околу темата и боцкајте со прашањето: „Зошто не си во состоја да се ослободиш од тоа?“

Бидете опуштени и запаметеете – никогаш не сте вие виновни. Држете се до тоа.