Носителот на Изборната единица 3, Љупчо Николовски од СДСМ, снимал видео спот во текстилна фабрика во Свети Николе која е корона кластер.
Спотот е сниман во неделата, во просториите на текстилните фабрики Мода и Камотекс во Свети Николе.
Вработени биле повикани за потребите на видео спотот, по што потоа се открило дека вработените се заразиле со коронавирус.
Станува збор за фирма „мајка и ќерка“ кои работат во ист погон со исти сопственици и се возат во исти автобуси.
По снимањето на спотот се заразила една вработена, а неколку вработени се во изолација.