Љупчо Палевски-Палчо и во карантинска соба и на списокот граѓани што не примиле решение за самоизолација во списокот со 138-мина кои се мистерија за санитарните инспектори

104-ца од Скопје и блиските приградски општини се наведени во списокот на државниот здравствен инспекторат за лица кои не примиле решение за изолација и или за самоизолација. Списокот е објавен денеска во дневниот печат.

Вкупно 138 граѓани се наведени дека не ги примиле решенијата, а после Скопје најмногу се од Штип- 28 граѓани. Од Гостивар се наведени 4-ца, а од општина Желино во тетовско едно лице не е најдено и не го примило решението. Една жена се води со непозната адреса.

На списокот не се наведени жители на останатите градови и општини во Македонија. Списокот е објавен откако инспекторатот не можеше да најде повеќе од 450 луѓе за да им ги врачи решенијата што се појави како проблем за ограничување на движењето на потенцијално заразени граѓани.

Дел од граѓаните потоа сами се јавиле и го подигнале решението, додека дел го примиле решението преку пошта. Но голем дел од решенијата е вратен назад и поради тоа е списокот со 138 граѓани објавен јавно во дневниот печат.

На списокот се наоѓа и името на Љупчо Палевски-Палчо, скопскиот бизнисмен кој по неколкумесечен притвор во Белград се врати во Македонија и беше ставен во самоизолација која ја прекрши и беше однесен во државен карантин. Во државниот карантин  беше пребарувана собата на Палевски поради сомнеж дека кај него има нелегално снимени аудио материјали кои како бомби се објавуваат по интернет.

Во меѓувреме откако се отворени границите, владата ги укина и државниот карантин и решенијата за изолација на сите повратници дојдени во државата по 13-ти јуни.