Љупчо Палевски, во пошироката јавност познат со прекарот Палчо е лицето кое што е главно осомничено за двете убиства, на четиринаесетгодишната Вања Ѓорческа и велешанецот Панче Жежовски (74), кои ги потресе македонската јавност. Македонија не памети ваква трагедија и ваков грозоморен чин на посегнување по живот на македонски граѓани, вклучително на едно малолетно девојче.
Животната траекторија на Љупчо Палевски – Палчо започнува како член на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) каде што извршува и високи партиски функции. Една од таквите функции е претседател на градската организација на СДСМ во Скопје. Скопската градска организација во една партиска инфраструктура и организација е една од највлијателните општински организации, па така и на СДСМ. Тоа е така, затоа што во Скопје е концентрирано речиси половина од македонското население и кој раководи, односно е претседател на една таква општинска партиска организација тој раководи со скоро половина Македонија.
А, на монструозниот убиец Љупчо Палевски – Палчо, македонскиот, сега и владејачки, Социјалдемократски сојуз му доверил вака високо позиционирана партиска функција.
Освен високите партиски функции во СДСМ, Палчо изминативе години траекторијата ја продолжува и во медиумите. Тој за време на воениот конфликт издаде неделн весник, кој се печатеше во тетовкса Речица. Весникот не траеше долго, но Палевски не се откажа од медиумската сфера. Потоа ја отвори телевизијата ТВ4, која по неколку години беше затворена, односно и беше одземена лиценцата за работа поради неплаќање на обврските кон државата. И тука не сопре инволвираноста на Палевски во медиумите и очигледно неговата голема желба за внимание во јавноста.
Македонската јавност изминатиот период, во траење од неколку години, беше сведок како Палевски, кој што за јавноста е контроверзна личност, креираше јавно мислење со зафаќање голем медиумски простор на интернет порталот Инфомакс.мк, чија редакција има и интернет емисии во живо. Палевски во Инфомакс неколку години по ред беше редовен гостин во нивните емисии како „Тешки муабети“, но исто така му беше отстапен медиумски простор и како водител и ко-водител на нивните таканаречени емисии, односно подкасти.
Од прв човек на скопската градска организација на СДСМ, до водител на интернет порталот Инфомакс каде што со ноќи беседеше, креирал јавно мислење и претежно ширел говор на омраза, Палчо завршува како ладнокрвен монструозен убиец.
Палчо е прво осомничен за киднапирање и убиство со умисла на младата Вања и убиство на велешанецот Панче, за кои до вчера беше во бегство во Турција.
Имено, синоќа доцна вечерта на прес конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски соопшти дека Палчо е уапсен во Турција движејќи се пеш по автопат во областа Баликесир.
„МВР стапува во контакт со тамошната полиција, но и со нивен оперативен извор, кој врати повратна информација дека лицето се наоѓа во градот Баликесир, и ни ги кажа неговите намери, дека сака да замине во Истанбул. Во Баликесир останува, се подготвува и со такси возач сака да оди за Истанбул. Но, симулира одење во Истанбул и повторно се враќа назад во градот. Денеска попладнево од страна на турската полиција е уапсен додека се движел пеш по еден од автопатиштата кај Баликесир, објасни Спасовски.
Се очекува по завршување на правните процедури, Палевски да биде депортиран во Македонија и предаден на власти и негово изведување пред лицето на правдата. За вакви дела во македонскиот Кривичен законик предвидено е казна доживотен затвор.