![aapcinja-kocaniii](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/aapcinja-kocaniii.jpg?resize=500%2C258&ssl=1)
Според резултатите од најновите истражувања децата на кои им се препишани антидепресиви имаат зголемен ризик од самоубиство и агресивно однесување. Затоа научниците предупредуваат дека употребата на вакви лекарства кај децата треба да се сведе на минимум.
Истражувањата покажале дека децата и адолесцентите имаат зголемен ризик од агресивно однесување и самоубиство доколку земаат антидепресиви.
Тимот научници нагласуваат дека сеуште не е доволен бројот на клинички случаи за да се утврди вистинскиот ризик од сите поврзани сериозни наштетувања.
Студијата објавена во Бритиш Медикал Журнал вклучува извештаи од клиничко испитување на 18.526 пациенти.
Иако не е најдена поврзаност помеѓу антидепресивите со самоубиствата и агресијата кај возрасните, сепак кај децата и адолесцентите ризикот е удвоен. Тие препорачуваат да се користат алтернативни лекувања како вежби и психотерапија со оглед на тоа што овие лекувања сепак покажале некаква корист.
Ширли Рејнолдс од Универзитетот во Рединг вели дека резултатите „ќе ги натераат лекарите, родителите и младите луѓе да размислат подобро пред да земат антидепресиви“.
Комбинирањето на лекувањето со анти-депресиви и психолошкиот третман се поврзува со подобрени резултати и може да доведе до побрзо намалување на симптомите. Но само специјалистите психијатри за деца и адолесценти може да препишат антидепресиви за децата и младите луѓе и децата и младинците треба да бидат под постојан надзор, вели таа.