Употребена хартиена чинија на Курт Кобејн на аукција продадена за 22.000 долари

Употребена хартиена чинија на којашто култниот фронтмен на бендот Nirvana, Курт Кобејн, направил список со песни е продаденa за 22.400 американски долари на наддавање во Њујорк во саботата.

Аукциската куќа Julien’s пред наддавањето дека користената тацна за пица од хартија ќе биде продадена за околу 2.000 долари.

Кобејн со црн фломастер ја напишал листата со песни на хартијата пред концертото во 1990 година во Вашингтон.

На истото наддавање, џемперот кој Кобејн го носел на последната фото сесија пред самоубиството во 1994 година е продаден за 75.000 долари.