Членовите на претседателството на Синдикатот на УПОЗ реагираат: Нелегитимниот Претседател ги злоупотребува сите негови овластувања

Во изминатиот период, Нелегитимниот Претседател, ги злоупотребува сите негови овластувања и носи Одлуки во својата канцеларија опкружен со тројца така  наречени најблиски соработници, кои се против Статутарни и незаконски.

Членовите на актуелното претседателство на синдикатот на УПОЗ денеска преку писмено соопштение ја информира јавноста за внатрешните состојби во синдикатот.

Интегрален текст од соопштението:

Ние членовите на Актуелното  Претседателството и иницијатори за спас на Синдикатот на УПОЗ,  го повикуваме Нелегитимниот Актуелниот Претседател г-н Пецо Грујовски,  да престане со грубото кршење на Статутот на Синдикатот на УПОЗ и Деловникот за работа на Претседателството, а со тоа загрозувајки го кредибилитетот на нашиот Синдикат во кој членуваат околу 5.000 членови, а кој бил пример за синдикално делување во минатото.

Имено во изминатиот период, Нелегитимниот Претседател, ги злоупотребува сите негови овластувања и носи Одлуки во својата канцеларија опкружен со тројца така  наречени најблиски соработници, кои се против Статутарни и незаконски.

Го злоупотребува печатот во изминатиов период и носи Одлуки со кои самиот го доведува во заблуда членството на Синдикатот на УПОЗ.

Почитувани ова самоволие на така наречениот Претседател треба да кулминира со одржување на така наречено изборно Собрание овој викенд, каде по примерот на Северна Кореја, присутните делегати ќе гласаат за еден Кандидат кој треба да биде избран едногласно со акламација.

Ние членовите на Одборот за спас на УПОЗ, апелираме до нашите синдикални другари, да не дозволат да бидат изманипулирани, да присуствуваат на така нареченото изборно Собрание затоа што ние актуелните членови на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ, одржувањето на истото не го признаваме и во периодот кој следи ќе отпочнеме правна разрешница согласно Уставот и Законите во Република Македонија.