Во ист ден кога Управата за матични книги склучила половина милионски договор со новоформираната фирма „Новатек Инв“ склучила и договор за набавка на софтвер од 11.5 милиони денари, односно околу 200 илјади евра со фирмата „Аукта“, рече на прес-конференција Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Исто како и во случајот со „Новатек Инв“, така и „Аукта“ се работи за релативно нова фирма, која е единствен понудувач на огласот и цената на која е склучен договорот слична со проценетата вредност на договорот. Премногу слични случајности во тендерите и тендерските постапки на Управата за матични книги?! Во огласот кој го добива „Аукта“, покрај најниската цена е ставен и критериумот број на квалитетна изведба. Истата оваа компанија го добила и тендерот во 2019-та година, но тогаш вториот услов не постоел. Тој тендер во 2019-та година и бил и прв тендер кој го добила, откако била формирана, а е за дигитализација на матичните книги во висина од околу 110.000 евра пишува „Фокус“. Во 2020-та година во март „Аукта“ повторно склучува ист договор со Управата во висина од 357 илјади евра. Со ова за софтвер, хардвер и дигитализација Управата за матични книги потрошила вкупно 1.5 милиони евра за две години, и тендерите ги добивале фирми кои се формирани непосредно пред објавување на огласите, односно чиј прв тендер бил токму тој добиен од Управата“, истакна Петрушевски.
Го повикуваме ЈО и ДКСК веднаш да отворат случај во однос на овие набавки и да ги испитаат сомнежите за злоупотреби. Одговорност мора да има. додаде тој.