
Денеска е постигнат договор меѓу Министерството за правда и Управата за матични служби.
– Имаше многу измени што беа направени, остана само член 17. Да останат тие 30%, бараме значи покачување. Една од измените е на тие што венчаваат, во недела им беше платено, додека пак во сабота не им беше. Сега веќе ќе биде платено. Исто така беше прифатено и к-15 60 отсто од просечната плата и јубилејните награди, велат од таму.
Од таму велат дека платите веќе им се израмнети со минималната, а останува уште да се потпише колективниот договор.
Денешниот протест кој беше закажан за 15 часот, ќе биде презакажан за следната недела пред Министерството за финансии.