Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје се стекна со нови акции

Денеска преку соопштение, Македонската берза информира дека Управниот Одбор на Алкалоид АД скопје купиле нов број на акции.

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“, Живко Мукаетов, се стекнал со 331 обични акции.

Членот на Управниот одбор, Виктор Стојчевски се стекна со 200 обични акции, членот на Управниот одбор, Ѓорѓи Јованов се стекна со 200 обични акции, членот на Управниот одбор Ќире Ицев, се стекна со 150 обични акции и членот на Управниот одбор Оливера Панева, се стекна со 50 обични акции.

Алкалоид АД Скопје е една од нашите најуспешни компании која континуирано нижи успеси. Вчера акциите на компанијата се тргуваа на Македонската берза по цена од 23.000 денари