Темно светло на целиот случај дополнително фрла и фактот што за одлуката гласале тројцата судии Лулзим Салиу, Исмета Амет и со помош на Снежана Трповска е донесена истата. Според пишувањата на одредени медиуми за ваквата одлука веќе се знаело претходно во СДСМ за што имало и јавни искази од функционери што укажува дека се работи за монтиран случај.
Дополнително во реалноста не беа забележани никакви неправилности во Теарце, а се поништија исказите од избирачкиот одбор, кој пак и на самата расправа во ДИК претседателската и членовите укажаа дека станува збор за кристално чисто гласање, немало полнење на кутија, ниту пак вишок или недостаток на гласачки ливчиња.
ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивстави на ваквата одлука на Управниот суд при што од партијата укажуваат дека ова е дел од сценариото за пост изборен инженеринг и фалсификување на волјата на граѓаните.
Ова е дел од поголемото сценарио чија цел е поништување на волјата на граѓаните и постизборен инженеринг за фалсификување на волјата на граѓаните и за фалсификување на изборите на кој мнозинството од 455 илјади граѓани гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Ќе потсетам, сето ова започна со противправните одлуки кои ги донесе Државната изборна комисија за да подоцна целиот овој инженеринг се префрли на Управниот суд.
Едноставна е математиката, рече Тодоров, СДСМ на ова гласачко место може да ја украде победата на ВМРО-ДПМНЕ, само и исклучиво преку овој таканаречен изборен инжинеринг за што ќе се таргетираат точно определен број на гласачи преку кој СДСМ ќе се обиде да ја фалсификува волја на сите граѓани која беше дадена на легитимни фер и демократски избори кои се одржаа на 11-ти декември.
После сето ова дури и за најтврдокорните, но објективни поддржувачи на СДСМ им е јасно дека се работи за срамен обид за фалсификување на волјата на граѓаните на Република Македонија, подвлече Тодоров.
На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.
Во Изборната единица 6 според првичните резултати на ДИК, најмногу гласови 40.599 освои ДУИ, потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 26.135, СДСМ со 25.828, Беса со 25.054, Алијанса за Албанците 17.970, ДПА 16.225, ВМРО за Македонија 919 и Коалицијата за промени и правда – Трет блок 239.
Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.