Управниот суд одлучуваше по 19 тужби од вкупно 27 што се поднесени. Најголем број од нив или 24 се од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои бараат да се поништи одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) и гласањето да се повтори во повеќе избирачки места.
Најголем број од забелешките се однесуваат на гласањето во скопските општини Чаир, Сарај, Aерoдром и Карпош, а се бара и поништување на гласањето во неколку избирачки места во Радовиш, Прилеп, Велес.
Судечките совети во Управниот суд во текот на неделата на јавни седници разгледале 19 од вкупно поднесените 28 тужби од партиите против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните
избори што се одржаа минатата недела.
Разгледани се 16 тужби од ВМРО-ДПМНЕ, две од ТМРО и една од Левица. Од Судот
информираат дека одлуките за 19-те разгледани тужби ќе бидат објавени во текот на денов по нивното техничко изготвување.
Најмногу тужби има поднесено ВМРО-ДПМНЕ 24, две ТМРО и по една Алијансата за
Албанците и Левица.
Управниот суд в понеделникот треба да ги разгледа и другите тужби.
Судечките совети на Управниот суд по овие тужби треба да се изјаснат 48 часа од нивното поднесување. По тужбите одлучуваат пет судечки совети составени од по пет судии од Управниот суд избрани со жрепка. Тужбите електронски им се распоредуваат на судиите, а одлучувањето ќе биде на јавни седници.