
Ураган, проследен со поројни дождови, ги погоди северниот и централниот дел на Чиле, при што пет лица загинаа, а стотици се евакуирани, соопшти националната служба за вонредни ситуации.
Две лица загинале во реонот на Валпараисо, на 120 километри западно од Сантјаго, каде се издигнале 10-метарски бранови. Другите три жртви се од реонот на Антофагаста, северно од главниот град на Чиле.
Поројните дождови предизвикале поплави и лизгање на земјиштето.