Ураганот Грејс однесе осум животи во Мексико

Ураганот Грејс ослаби во саботата кога стаса до источниот брег на Мексико и се претвори во тропска бура, соопшти американскиот Национален центар за следење урагани (NHC), но сепак однел најнмалку осум човечки животи во сојузната држава Веракруз.

Ураганот Грејс во 17 часот по средноевропско време беше на 40 километри од Сиудад де Мехико, со ветров кои дивал на 110 километри на час а на моменти претходно достигнувајќи и до 200 километри на час, движејќи се со брзина од 20 километри на час, се наведува во извештајот на NHC.

„Во текот на ноќта ќе ослабе во тропска депресија, а во недела ќе исчезне“, наведува истиот извор.

Грејс на копното дојде како ураган од трета категорија според Сафир-Сипмсоновата петостепена скала, во мексиканската општина Теколутла, северно од Веракруз.

Читуахак Гарсија, гувернер на оваа сојузна држава рече „за жал, имаме седум мртви, меѓу кои има и деца“. Властите на Веракруз подоцна објавија дека во невремето загинале најмалку осум луѓе.

Ураганот кревал покриви, уривал стебла и го прекинал снабдувањето со електрична енергија. Во областа уште во петокот беше прогласена опасност од поплави и одрони.

„Грејс брзо стана голем ураган“, наведоа од NHC во текот на изминатат ноќ, прогласувајќи го во ураган од трета категорија, многу бнрзио откако го класифицираше во втората категорија.

Властите и по минувањето на ураганот се претпазливи, бидејќи има закани од излевање на реките и појава на одрновни, главно во сојузната држава Веракруз. Тамошниот гувернер Гарсија на Twitter ги предупреди жителите кои живеат покрај реките дека „тие ќе се излеат во наредните часови“.