![burinja nafta](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/burinja-nafta.jpg?resize=696%2C462&ssl=1)
Цените на нафтата повторно се искачија на нивото над 70 долари на меѓународните пазари во средата бидејќи прекините на производството во САД поради ураганот Франсин и падот на залихите ги засенија стравувањата од слаба побарувачка.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше повисока за 1,07 долари од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 70,26 долари. Вчера тој ја затвори трговијата во минус 2,65 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот денеска се тргуваше по повисока цена од 1,20 долари, од 66,95 долари. Вчера го заврши тргувањето со загуба од 2,96 долари.
Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барелот од референтнта нафтена кошница на нејзините членки во вторникот поевтинил за 82 центи на 71,41 долари.
Пазарите вчера беа потресени од намалените проценки за глобалната побарувачка на нафта. OPEC повторно во вторникoт ја намали проценката за растот на побарувачката оваа година, од 2,11 милиони на 2,03 милиони барели дневно. Тие ја намалија и прогнозата за следната година, од 1,78 милиони на 74 милиони барели дневно.
Светската економија би требало да расте солидно во втората половина од годината, но проблемите во секторот на недвижности и зголемената продажба на камиони со течен природен гас и на електрични автомобили би можеле да ја ограничат побарувачката за бензини и дизел, се вели во месечен извештај на OPEC за септември.
Само минатата седмица нафтениот картел и неговите сојузници големи незавизсни производитело предводени од Русија познати како OPEC+ потврдија дека планираат да ја зголемат понудата од октомври, за нешто помалку од 190.000 барели дневно. Оваа седмица тие се предомислија и го одложија малото зголемување на испораките до крајот на годината, откако цените паднаа на деветмесечните најниски под притисок на загриженоста за побарувачката.
Во средата, сепак, трговците се „потсетија“ на забележителниот пад на акциите во САД.
Залихите на нафта паднаа за 2,793 милиони барели минатата седмица, соопштија пазарни извори, повикувајќи се на податоци од извештајот на здружението на производители API, додека залихите на бензин исто така се намалени за 513.000 барели. Залихите на дестилати благо се зголемија.
„API обезбеди одредена удобност бидејќи (податоците) покажаа значителен пад на залихите на сурова нафта, поголем од очекуваниот пад на залихите на бензин и благ пораст на залихите на дестилати“, рече аналитичарот на PVM, Тамаш Варга.
Цените беа поддржани и од прекините на производството во САД поради ураганот Франсин, додаваат аналитичарите.
„Пазарот сам закрепна бидејќи падот во вторникот беше значителен“, заклучува Јуки Такашима од „Nomura Securities“, додавајќи дека стравувањата дека ураганот ќе го прекине снабдувањето, исто така, ги поттикна цените.