Урбанистички планови за населени места во општина Кочани

Општина Кочани заедно со општините Пехчево, Карбинци, Македонска Каменица, Зрновци и Чешиново Облешево го реализира проектот за изработка на Урбанистички планови во населените места во полскиот дел од општината.

Според програмата нови урбанистички планови ќе добијат населените места Прибачево, Мојанци и Горни и Долни Подлог. Јавната расправа и изјаснувањето на жителите за новиот урбанистички план за селата Прибачево и Мојанци се веќе завршени.

Паралелно со овие активности општината работи на довршување на градежните работи на улиците „Гоце Делчев“ и „Асном“ во населбата Оризари и „Карпошово востание“ во Кочани и нивна подготовка за асфалтирање.

Од општината информираат дека е завршен тендерот за избор на изведувач на градежните работи на Спомен паркот на Никола Карев кај месноста Свиланово, недалеку од село Рајчани, кочанско, заеднички проект на општините Кочани и Чешиново Облешево кој се реализиера преку Источниот плански регион.

За овој проект преку ИПР се обезбедени 100 илјади евра додека општините Кочани и Чешиново Облешево донесоа одлука за кофинансирање на проектот и од сопстевените буџети одвоија по 250 илјди денари за изградна на ова спомен обележје.