Urbi et Orbi: Папата Франциско повика на мировни преговори во Украина на Божиќ

Во својата божикна порака во средата папата Франциск повика на преговори меѓу Украина и Русија за ставање крај на војната што започна со руската инвазија пред две години, како резултат на која животот го загубија десетици илјади луѓе.

Во својата божикна порака „Urbi et Orbi“ (на латински: „Кон градот (Рим) и кон светот“), Френциск конкретно ја спомена војната во Украина и повика на „храброст потребна за да се отвори вратата за преговори“.

„Нека се замолкне звукот на оружјето во разорената од војната Украина“, рече папата говорејќи од централниот балкон на базиликата Свети Петар пред илјадниците собрани на истоимениот плоштад.

Тој, исто така, повика на „гестови на дијалог и средби со цел да се постигне праведен и траен мир“.

Франциск, кој е папа од 2013 година, годинава беше критикуван од украинските власти кога рече дека нивната земја треба да ја има храброст на „белоо знаме“ за да преговара за крај на војната со Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно ја отфрли можноста за мировни преговори без враќање на предвоените граници на Украина. Сепак, во неколку недели откако Доналд Трамп беше реизбран за претседател на САД, Зеленски се повеќе покажува подготвеност да преговара.

Претходно во декември Зеленски ја претстави идејата за дипломатско решение кое ќе вклучува „замрзнување“ на сегашните линии на фронтот и распоредување на странски трупи во Украина. Русија бара Украина да се откаже од своите аспирации за членство во НАТО.

88-годишниот Франциск, кој го слави својот 12-ти Божик во својот понтификат, повика на прекин на сите конфликти, политички, социјални или воени, во места како Либан, Мали, Мозамбик, Хаити, Венецуела и Никарагва.

Франциск, кој неодамна беше поостар во китиките за воената инвазија на Израел во Газа, нарекувајќи ја „суровост“ минатата семица, исто така го повтори својот повик за прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас и за ослободување на преостанатите израелски заложници кои ги држи Хамас.

Тој ја опиша хуманитарната ситуација во Газа како „исклучително сериозна“ и побара „широко да се отвори вратата на дијалогот и мирот“.

Војната во Газа започна кога палестинските милитанти предводени од Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври 2023 година, убивајќи 1.200 луѓе, од кои 900 се цивили и киднапирајќи повеќе од 250 од нив во Газа, според израелските податоци.

Резултирачката израелска кампања, за која Тел Авив вели дека има за цел да го уништи Хамас, убила повеќе од 45.000 луѓе, меѓу кои три четвртини се деца и жени, според властите во Појасот Газа, под контрола на Хамас. Кампањата го раселе речиси целото население на Газа и го уништи најголемиот дел од енклавата.

Франциск ја отвори Светата година на Римокатоличката црква во вторник навечер, Бадник, која ќе трае до 6 јануари 2026 година. Католичката света година, позната и како Јубилеј, се смета за време на мир, простување и помилувања.

Папата во средата рече дека јубилејната година треба да биде време „секој поединец и сите народи и нации да станат аџии на надеждта за да се замолчи звукот на оружјето и да се надминат поделбите“.

Франциск рече и дека ова треба да биде време на „уривање на сите ѕидови кои раздвојуваат“.

Повика на „заемно прифатливо решение“ за уривањето на граничниот ѕид што го дели медитеранскиот остров Кипар на Република Кипар и Турската Република Северен Кипар од 1974 година.