Во делот на организирани криминални групи лицата постојано користат исти места, тие имаат добро следење за да дојдат до маркираната жртва и трето дали станува збор за лице кое е маркирано од криминалната група поради некои внатрешни конфликти. Организираните групи стануваат се понасилни, се подрски и полесно потегнуваат оружје па дури и на јавни места со што им ги загрозуваат животите на невините граѓани, што мене ме загрижува дека може да дојде до невини жртви, вели Љубомир Ѓурчевски, експерт за безбедност, во Студио 10 на ТВ 24.
– Што се оннесува до сега повредениот Штекли, ова е втор обид за негово убиство а првиот пат беше во август. Неказнивоста на криминалните групи е поврзана со поврзаност со политичките партии кои ги користат за остварување на свои цели и обратно, вели Ѓурчевски.
Тој вели дека проблемот на корупцијата е сериозен , а особено во МВР. Корупцијата ги разјаде сите институции вели Ѓурчевски.
– МВР потфрли во тоа што пропушти да ги провери заканите кои Штикли ги добивал преку социјалните мрежи особено што станува збор за лице од интерес за полицијата. Тоа што во рок од 70 дена Штекли двапати бил цел на убиство значи дека тој од криминалните групи нема да биде оставен жив, вели Ѓурчевски.
Тој вели дека ако на социјалните мрежи веќе се појави лицето на убиецот, тешко е дека МВР веќе не го знае. Тоа што тој јавно го прави тоа, пред сите камери во молот, е дрскост и подбив кон институциите, појаснува Ѓурчевски и додава дека сега се поставува прашањето за обезбедувањето на локации каде што се собираат многу граѓани.
– Не може лица кои биле осудени за криминал да работат како обезбедување, а за тоа треба да обрне внимание и комората на обезбедување и државата, вели Ѓурчевски.
Инаку, против Штекли има распишано потерница откако беше пребеган во Белград како нарачател на убиството на Јанушев во 2016 година, а тој слободно се вратил и се шетал низ Скопје.
– Криминал секогаш имало и ќе има, но порано бил под контрола. Работите тргнаа во погрешна насока од случајот кога излезе дека возило-пајак удрило полицајка, па сега полициските службеници стравуваат да реагираат, вели Ѓурчевски и додава дека денес е невозможно да се легитимира криминалец оти го напаѓа службеникот велејќи му дека има заштита што ја купил.
Решението според Ѓурчевски е воспоставување на системот, оти ако полицајците се чувствуваат незаштитено кој ќе ги штити граѓаните.