Повредени од Тетовскиот ковид центар во моментов се транспортираат на Клиниките во Скопје, информира МЗ. Сите екипи се подготвени да ги прифатат повредените, но никој не може да повреди за колкав е бројот на повредени кои се транспортираат.
Салите се подготвени, повикан е и дополнителен персонал, сестри, болничари, лекари, а дежурните екипи се во приправност. Ни во 8 Септември нема пренесено се уште повредени, но и таа болница се подготвува да ги прими, пренесува Телма.
Засега во скопските болници се уште нема пристигнато повредени од Тетово.