Уривање на МН17: Украина бара, Русија отфрла одговорност

Русија во средата соопшти дека жали поради наодите од истрагата за уривањето на парничкиот авион на малезиската воздухопловна компанија „ Malaysia Airlines“ на летот МН17 од Амстердатм до Куала Лумпур над усточна Украина летото 2014 година и смета дека обвинувањата против осомничените Руси се неосновани, додека Украина ја повикува Москва да ја признае одговорноста и да почне да соработува во истрагата.

Холнадската меѓународно истрага претходно во средата обвини тројца Руси и еден Украинец за соборувањето на МН17 над источна Украина каде се водеа борби меѓу украинските сили и побунетото локално руско и рускојазично население, и тоа со ракетен систем кој наводно го обезбедила Русија. Нив за убиствот на 298 патници и челнови на екипажот би требало да им се суди во Холандија во март следната година. Но холандското обвинителство рече дека од Москва нема да бара нивна екстрадиција, туку ќе настојува Москва да ги уапи.

„Повторно се обвинува руската стрерана без основани докази, со што се прави обид да се наруши угледот на Руската Федерација пред очите на меѓународната јавнсот“, соопшти руското министерство за надворешни работи.

Украина, пак, ја повикува Москва да ја „признае одговорноста“ за падот на авионот, за кој се тврди дека е погоден со руска ракета над областа каде се воделе воени дејствија. „Ја повикуваме Руската Федерација да ја признае одговорноста и да почне да соработува со меѓународната истрага“, рече во соопштение украинската дипломатија.

Меѓународните истражители идентификувале четворица осомничени за уривањето на МН17 над Украина. Тие се осомничени дека пренсувале противракетен систем „Бук“ од Русија во зоната на конфликтот во источна Украна, изјавил за новинарите член на истражниот тим кој го водат Холанѓани.

Меѓутоа, Русија од поодамна тврди дека поседува сателитски снимки дека исто таков ракетен систем „Бук“ на украинските сили бил во зоната на судирот непосредно пред уривањето на авионот кој летал стотици километри над резервната траекторија за прелет преку Украина. Пребегнат украински офицер, исто така, пред речиси четири години сведочеше во Москва дека слушнал разговор на украински пилоти на борбен авион дека во тој период наводно погодиле цел.

„Намерата била да се собори воен авион“, рекол претставникот на истраќителите на прес-конференција пренесувана на телевизијата во холандскиот град Ниевегеин. Обвиенти се тројца Руси, Игор Гиркин, Сергеј Дубински и Олег Пулатов, за кои се тврд дека се поранешни припадници на руското воено разунавање ГРУ, и Украинецот Леонид Карченко. По нив се идадени меѓународни потерници, а судењето е предвидено во мар.

Гиркин, поранешн пуковник на руската Федерална бебедност служба (ФБС), бил највисок воен командант на бунтовнциите во Донец, Бубински и Пулатов биле поврзани со ГРУ, а Карченко бил командант на борбена единица во Донец, тврдат истражителите.

Со соборениот „Boeing 777“ патувале главно Холанѓани. Покрај Холанѓани, меѓународната истражна екипа вклучува и службеници од Малезија, Австралија, Белгија и Украина. Тие тврдат дека прегледале стотици материјални докази, видео снимки и документација.

Русија негира каква и да е вмешаност во овој случај, и повторни сугерира дека таквиот ракетен систем ги испратиле украинските сили. Портпаролот на Кремљ, и претходно ги критикуваше наодите на холандската истрага, тврдејќи дека тие се едностранил

„Русија не учествувала во тоа. Од самиот почеток по трагедијата, Русија покажа иницијатива да се приклучи на истрагата за оваа страшна несреќа“, изјави Дмитриј Песков.