– Тињата го повлече мојот брат. Се обидував да му подадам гранка за да се фати за да го извлечам, но не успеав. Гледав како се дави. Не смеев на никого да кажам што точно се случило, бидејќи се плашев од татко ми, вака Урош ја започнал својата изјава во полицијата за смртта на малиот Стефан кој неколку дена се водеше за исчезнат во Србија.
Инаку деветгодишниот Урош ја измисли целата приказна за киднапирањето на Стефан само за да ја прикрие вистината. Во понеделникот телото на момчето, по неколкудневна потрага, беше најдено во канал на река во близина на домот на семејството Илиќ.