Урсула фон дер Лајен доби поддршка за втор мандат во Европската комисија

Водечката европска политичка групација, Европската народна партија (ЕПП) денеска гласаше за поддршка на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за нејзин втор мандат, а прелиминарните резултати се очекуваат наскоро.

Иако Фон дер Лајен е единствениот кандидат на листата на ЕПП, за победа ѝ треба апсолутно мнозинство, а како клучни предизвици за ЕУ ​​ги наведе војните во Украина и Газа, како и јакнењето на Кина.

Претседателката на ЕК за време на конгресот на партиската пратеничка група во Букурешт изјави дека пријателите на рускиот претседател Владимир Путин се обидуваат одново да ја испишат европската историја и да ја украдат нејзината иднина, притоа „ширејќи омраза преку тастатури“.

-Нашата мирна и слободна Европа се соочува со невидени предизвици од популисти, националисти и демагози, кои сакаат да ги уништат нашите вредности и Европа“, рече Фон дер Лајен. Таа вети дека ќе ја подобри економијата на Европа, ќе го сузбие криумчарењето на илегални мигранти во Унијата, ќе ја зајакне конкурентноста и ќе ги поддржи земјоделците поради зголемувањето на трошоците за живот, како и поголема финансиска и воена помош за Украина.

И покрај порастот на екстремно десничарските и популистичките партии во Унијата, ЕПП го задржа јасното водство меѓу другите политички групи пред изборите за Европскиот парламент во јуни, покажуваат истражувањата на јавното мислење.