Урсула фон дер Лајен ќе се обрати в четврток, пред да почне расправата за францускиот предлог

Собранието за в четврток во 13:30 ја закажа седницата на која пратениците треба да расправаат за францускиот предлог. Претходно треба да се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Како што може да се види од информациите на собраниската веб-страница, закажана е 81. седница со единствена точка на дневниот ред – Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година.

Владата, според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.

Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.