Уругвај првпат светски првак за фудбалери до 20 години

Уругвајската фудбалска селекција до 20 години првпат во историјата ја освои титулата светски шампион, во финалето одиграно во аргентинска Ла Плата, младите Уругвајци ги победија своите врсници од Италија со 1:0.

Уругвај беше изразено подобар противник во финалниот натпревар кој беше решен во 86 минута. По корнерот се создаде мешаница пред голот на Италија, а топката беше префрлена на втората статива, каде што се најден Лучијано Родригез и со глава ја смести во мрежата.

Тоа беше гол доволен за заслужената шампионска титула, а пред овој шампионат Уругвајците играа и загубија во финалињата на светските првенства во оваа категорија во 1997 и 2013 година. Италијанската селекција до 20 години првпат во историјата играше финале.

Рекордери по бројот на светски титули во оваа генерација се аргентинските фудбалери кои шест пати биле светски шампиони. Бразил има пет титули, а Португалија и Србија по две.

Третото место го освоија младите фудбалери на Израел кои во дуелот за третото место ги победија врсниците од Јужна Кореја со 3:1. Израел поведе во 19 минута со голот на Бињамин, но пет минути подоцна израмни Ли Сеунг Вон со гол од белата точка. Во продолжението од натпреварот за славјето на Израел погодија Сениор во 76 минута и Калаили во 86 минута.